Mansory е познат по драматични модификации на автомобили, додека BSTN е познат бутик за патики. Но заедничката соработка ги мотивираше да направат косилка инспирирана од Air Jordan 11 „Jubilee”. Но кога ќе ја слушнете приказната се ќе си дојде на свое место. Тинкер Хетфилд, дизајнерот на Air Jordan 11, бил инспириран од косилка кога ја дизајнирал сега легендарната патика, која слави 25 години. Уникатноста на оваа косилка е во нејзината конструкција и дизајн. Машината BSTN x Mansory GT XI е изработена од јаглеродни влакна, додека седиштата и воланот се комбинација од кожа и јаглерод. Целокупната боја на косилката е „Concord White“ со сребрени детали кога станува збор за брендирање.