Режисерот на Spectre, Сем Мендез ја носи публиката на воениот фронт на Првата светска војна во филмот 1917.

1917

Најавата за филмот 1917 дава една слика за војната која требала да стави крај на сите војни во светот. Под режисерската палка на Сем Мендез, режисерот на Spectre, филмот раскажува приказна за двајца војници и нивното патешествие на борбениот фронт со цел да преминат на непријателска територија и да спречат напад. Нападот треба да спаси 1.600 луѓе. 

Критичарите очекуваат многу од режисерот, филмот и играта со камера. Главните улоги ги толкуваат актерите Џорџ Мекеј и Дин Чарлс Чепман, а покрај нив се појавуваат и Бенедикт Камбербеч и Колин Фирт. Премиерата е закажана за 10 јануари 2020.