За актер како Брус Вилис кој глуми во филм како Die Hard неможете да си замислите кола која не ја истакнува неговата појава. Овој шармер кој дури и на 65 годишна возраст мами воздишки знае да го одржи својот стил на МАЧОМЕН. Колекцијата на автомобили која ја има Брус Вилис е повеќе од импресивна и нема маж кој не би посакал барем една од тие автомобили. Да ја погледнеме колекцијата на American muscle cars на Брус Вилис.

Брус Вилис

1. 1968 Dodge Charger „Bullitt”- филмската икона која поседува иконски филмски автомобил. Инаку овој класик со 8.2 литарски мотор актерот го има добиено од Деми Мур во 1998 година, актерот десет години подоцна го продал.

2. 1955 Chevrolet Bel Air Nomad- под овој префинет изглед се крие V8 чудовиште.

3. 1968 Shelby GT 500- во 2008 година актерот го прдава овој автомобил на аукција заедно со уште три други muscle cars во обид да ја излечи неговата зависност од „American muscle cars”.

4. 1957 Chevrolet Corvette Stingray- бидејќи актерот навистина е навлечен на Chevy овој автомобил инспириран од раја (истоимена риба Stingray) е синоним за елеганција кој ако се може мора да се има.

Брус Вилис

5. 1968 Pontiac Firebird 400- моделот од 1968 година е дел од првата генерација (од вкупно четири генерации), а бројот 400 стои позади 400 CID Pontiac V8 моторот кој дава моќност од 330 коњски сили. За жал и овој автомобил актерот го става на аукција во 2008 година.

Иако актерот поседувал многу подобри автомобили отколку што возел во неговите филмови, тој решил да се ослободи од можеби најдобрите автомобили на име на Go Green и на неговата опсесија со ваквите автомобили. Можеби треба да се гледа од друг агол, овие автомобили сами по себе се доста скапи, но фактот дека биле поседувани од Брус Вилис сигурно додала уште некоја нула на крајниот износ.