Италијанскиот луксузен бренд, Brunello Cucinelli,  кој е познат по длабоко вкоренетите морални вредности и кашмирот ја претстави својата машка колекција за сезоната пролет-лето 2021 година. Оваа колекција насловена како „Suit Insight“ изобилува со префинета елеганција. Облеката овој пат е опишана како „препознатлив карактер кој оддава чувство на природна едноставност“. Ова произлегува од играта со модерни и класични теми, деконструирајќи форми и мешајќи разни ткаенини во удобен, но шик крој.