Brunello Cucinelli кој е опишан како „филозоф-дизајнер“ ја лансираше својата колекција за мажи за сезоната есен/зима која ја истакнува мажественоста со елегантна и сензуална нота. За оваа колекција италијанскиот бренд бил инспириран од еволуцијата на урбаните пејзажи и динамиката што ги карактеризира модерните градови.

Мажот кој го претставува овој бренд е елегантен без претензии и ароганција, кој не дозволува облеката да го носи туку зрачи со самодоверба која го истакнува неговиот стил. Колекцијата нуди шик машки стилови со широк спектар на бои кои вклучуваат топли и земјени тонови со доза на сина и сива боја. Нијансите гравитираат околу средниот и потемен дел од спектарот со свежи бели акценти што даваат совршен контраст.