Инспириран од ретро стилот на 90-тите, наменете за авантури на отворено, без разлика дали сте во градот или надвор од него Timberland ги претстави Brooklyn патиките кое се уште едно дополнување на палетата на брендот.

Одличната комбинација на материјали со гумениот ѓон кој ја инкорпорира Aerocore технологијата ги прави Brooklyn патиките одлични за секоја урбана авантура. Колекцијата пролет/лето 2019, од класични до модерни парчиња, ги инспирира мажите да бидат активни и во движење.

Препознатливиот дизајн, лесната употреба, водоотпорните материјали како и практичните детали и додатоци ја заокружуваат функционалноста на овој иновативен бренд.