Луксузниот британски производител на автомобили Aston Martin ја започна оваа соработка со British Airways за да создаде спортски автомобил во ограничена серија што му оддава почит на Concorde. Само десет автомобили DBS Superleggera Concorde ќе бидат продадени во близина на местото каде е изграден последниот Concorde, Alpha Foxtrot.
Секој модел ќе има единствен регистарски број одобрен од Органот за цивилно воздухопловство, а во дизајнот е вметната British Airways Chatham Flag. Каросеријата ги носи боите на British Airways, додека пак на покривот направен од јаглеродни влакна има силуета од самиот авион.
Уникатните детали се наоѓаат и во внатрешноста на овој Aston Martin, а под хаубата останува се исто или 5.2-литарски твин-турбо V12 мотор со 715 коњски сили.