Британската модна куќа Dunhill, која е специјализирана за луксузна „ready-to-wear, bespoke машка облека кожни производи и додатоци, ја претстави колекцијата за сезоната пролет-лето 2021. Оваа колекција луксузната модна куќа ја наслови „A Machine for Living“.

Креативниот директор на брендот, Марк Вестон, ја опишува темата за сезоната: „Не станува збор само за деконструкција, туку за конструкција; станува збор за радоста при правењето облека и емоционалното вложување во нив. Овие работи се чувствуваа особено резонантно во овој момент. Во основа, постои поим за корисност и елеганција- тоа е скоро нов поглед на работната облека“.

Но модната куќа Dunhill со оваа кампања не само што го слави лансирањето на новата машка колекција за сезоната пролет-лето 2021, туку и новиот глобален бренд амбасадор Јанг Јанг ( Yang Yang), познатиот кинески актер. Како фотограф на оваа кампања се потпишува Рафаеле Кариу (Raffaele Carriou), а како стилист Елиот Смедли (Elliott Smedley).