Briiv претставува природен прочистувач кој е направен од 90% природни материјали и 100% биоразградлив филтер. За разлика од сегашните прочистувачи кои користат филтри произведени од комбинација на стаклени влакна и пластика и кои дополнително ја загадуваат околината по 6-8 месеци, откако ќе бидат заменети, овој филтер е направен од биоразградлив материјал.

Патентираната комбинација од четири природни и целосно биоразградливи филтри овозможува тие да бидат заменети, искористени за компост, со целосно разградување во рок од 3-4 месеци, без да влијае негативна врз нашата земја. „Луѓето кои живеат во град го сакаат животот но со свеж и чист воздух како на село” изјавуваат од компанијата.

Целта на овој филтер направен од мов, кокосови влакна, активен јаглен и волна се искомбинирани за да го подобрат квалитетот на воздухот во која било просторија. Телото на прочистувачот е направено од нова био-пластика наречена „vibers” која е направена од комбинација на слонова трева и отпаден скроб од компир и може да се распадне на природни елементи. Briiv може да филтрира стандардна соба од 4m x 4m за помалку од 30 минути, а дизајниран е да го надополни ентериерот без да биде фокусна точка.