Шкотската пиварница BrewDog им овозможи на своите потрошувачи „да се сопнат на благороден метал“. Всушност оваа пиварница изработиле 10 лименки од 24К златни верзии на своето Punk IPA пиво и по случаен избор ги ставиле во пакети од 12, 24 и 48 лименки.

Секоја од лименките вреди по 20.000 американски долари, а тој што ќе најде таква лименка во својот пакет добива и акции во компанијата во вредност од околу 13.500 американски долари и VIP обиколка на производствениот погон.

Ова е стратегија на компанијата BrewDog со која ќе си обезбеди зголемување на продажбата која поради пандемијата и затварањето на рестораните е многу погодена. Соопштено е дека досега девет од десетте златни лименки веќе се извлечени, а „наградната игра“ нема да заврши се додека не се извлече и последната лименка.