Соработката помеѓу двете ривалски компании создаде нешто добро „најсилно пиво во светот“. Во 2009 година, BrewDog пиварницата лансираше 32-процентно пиво Tactical Nuclear Penguin, специјално создадено за да ја тргне титулата „најсилно пиво во светот“ на германскиот 31-процентен ABV Schorschbrau Schorschbock. Но оваа борба меѓу ривалите не завршува тука за на крај војната да заврши во 2011 година со 57-процентно пиво создадено од Schorschbrau, нешто што го фрли на колена BrewDog. Една деценија потоа иако мислиме дека се заборавило се, се раѓа партнерство. Па така во чест на нивната претходна битка BrewDog и Schorschbrau го создадоа „најсилно пиво во светот“.

Strength in Numbers е 57,8 процентно пиво кое го достигнува својот колосален ABV (Alcohol by volume) преку традиционалниот „eisbock“ метод, што значи замрзнување на пивото и отстранување на парчињата мраз (вода), оставајќи високо концентрирана течност. Strength In Numbers беше официјално лансиран на 17-ти септември, во мали шишиња од по 40 милилитри со цена од околу 38 американски долари, а количината многу брзо ја снемало, бидејќи пивото било распродадено.