Многу славни личности го дополнуваат своето ниво на важност со поседување на барем еден брендиран производ кој ќе го носи нивното име. Па така во зависност од афинитетите на личноста некои се одлучуваат за парфем, некој за линија на облека, велнес програми, а некои за алкохолни пијалоци.
Честа пракса е славните личности да бидат бренд амбасадори, но исто така се случува самите славни личности да посакаат дел од колачето па да влезат во деловната и креативна страна на индустријата која ја одбрале. Овој пат ние се одлучивме да наброиме дел од ѕвездите кои се дел од индустријата за алкохолни пијалоци.
1. Кејт Хадсон стои позади брендот King St. Vodka, водка без глутен направена со употреба на алкална вода, со 43% алкохол.
2. Снуп Дог во 2014 година стана акционер и амбасадор на Cuca Fresca, компанија која прави бразилска качака, која е овошен ликер дестилиран од ферментиран сок од шеќерна трска. Од неодамна тој партнер и во австалиската компанија 19 Crimes со која го лансираше виното Snoop Cali Red кое е мешавина од 65% Petite Syrah, 30% Zinfandel и 5% Merlot, а се продава по цена од 12 американски долари.
3. Двејн „The Rock” Џонсон во 2019 година ја лансираше Teremana Tequila, за чие име објасни дека доаѓа од зборовите Terre што значи од земја и Mana кој е моќен полинезиски дух кој не води.
4. Актерот Кајл Меклахлан е сопственик на винаријата Pursued by Bear, која работи од 2005 година и е добро позната кај луѓето од „ентертејмент индустријата“.
5. Рајан Рејнолдс во февриари 2018 стана сопственик на Aviation Gin, производител на џин, кој всушност е пијалок кој тој го преферира.
6. Партнери во еден пијалок наречен Santo се Семи Хагар од Van Halen и Адам Левин од Maroon 5. Тие во 2017 година го лансираа Santo, бренд на mezquila, што всушност е мешавина од мескал и текила.
7. Ѕвездата на „Ghostbusters“ Ден Акројд, е косопственик и ко-основач на Crystal Head Vodka. Вотката која е спакувана во шише во облик на череп, е пијалок без адитиви и се филтрира повеќе пати преку полу-скапоцени кристали познати како Herkimer diamonds.
8. DeLeón Tequila која за прв пат се појави во 2009 година, во 2014 година стана дел од Combs Wine & Spirits чиј сопственик е раперот Шон „Диди“ Комбс.
9. Славниот актер Џорџ Клуни во 2013 година стана еден од основачите на Casamigos tequila, пијалок кој се прави во Халиско, Мексико.
10. Џастин Тимберлејк во 2009 година лансираше трикратно дестилирана текила позната по својата глаткост и освоениот златен медал на World Spirits Competition во 2012 година кој се одржа во Сан Франциско. Но во 2014 година пејачот започнува соработка со Casa Sauza за создавање на текилата Sauza 901, каде бројот 901 го означува родниот град на Тимберлејк, Мемфис, Тенеси.