Британскиот производител на часовници Bremont создаде часовник што го слави животот и делото на ценетиот британски физичар и космолог, Стивен Хокинг. Човекот чија работа беше битна за разбирање на вселената, квантната физика и времето, доби часовник од 41 мм е стилизиран како непобитен класик, со ретроградна секундна стрелка и грандиозен датумар на позиција во шест и дванаесет.

Во него се наоѓа BE-33AE механизам со 42-часовно напојување. Часовникот е достапен во повеќе бои, со само 388 достапни примероци од нерѓосувачки челик и црн бројчаник, 88 од розово злато со црн бројчаник и 88 од бело злато со син бројчаник. Сите часовници се инспирирани од клучната 1988 година, година на објавување на популарната научна книга на Хокинг „Кратка историја на времето“ (A Brief History of Time).

Она што го прави ова издание посебно се деталите што оддаваат почит на неколку важни, лични моменти во животот на Хокинг. Bremont вметнал делови од бирото на научникот кое било наследство од неговата баба, како и рачно завршенот дизајн кој има гравирани ѕвезди кои ги отсликуваат соѕвездијата на небото над Оксфорд вечерта на раѓањето на Хокинг на 8 јануари 1942 година.