Компанијата Bremont дефинтивно знае како да погоди со нови изданија на своите часовници, особено ако станува збор за некаков вид на колаборација. Британскиот производител лансираше нов титаниумски пилотски часовник наречен MB Savanna, чии тестови за издржливост се направени од, ни помалку ни повеќе, туку Martin-Baker, водечкиот производител на катапултирачки седишта за борбени авиони во последните 70 години.
MB Savanna се одликува со 43-милиметарскo „камуфлажнo“ куќиште, кое е дизајнирано со процес на обработка со абразивен (песочен) млаз, или sandblasting, а својата боја ја добива од падобранците кои биле вградени во седиштата на Martin-Baker.
Меѓу главните карактеристики на часовникот се истакнуваат и анти-рефлектирачко тактичко обложување и впечатливиот ротор кој е видлив преку задниот кристален капак на MB Savanna. Тука се и извртените стебла, како и црно-жолтата јамка на втората стрелка кои се своевиден потсетник на копчињата за активација на катапултирањето кај седиштата во борбените авиони.
Часовниците на MB минуваат низ ригорозни тестови со кои се осигуруваат дека истите ќе издржат кога ќе се најдат на зглобовите на вистински воени пилоти. Тестовите вклучуваат и вистински катапултирања на седиштата и изложеност на екстремни температури и временски услови.
Изработен од титаниум од 5 ниво во седиштето на брендот во Оксфордшир во Обединетото Кралство, името на Savanna е инспирирано од африканските пасишта, како што е рамнината Серенгети. Шемата на бои се протега на сказалките кои се обложени со Super-LumiNova, како и на гуменото ремче.
Од Bremont истакнуваат дека часовникот има 38-часовна резерва на моќност, водоотпорен е до 100 метри длабочина, а пристигнува заедно со Sand Canvas паричник. За сето ова, компанијата го проценува MB Savana на 5.795 долари, а истиот може да се нарача на нивниот официјален веб-сајт.