Breitling го следи трендот на останатите производители на часовници и враќа „во игра“ стари класици и „old school“ часовници, како што е Top Time Chronograph, модел кој го носеше Шон Конери во неговата прва улога како Џејмс Бонд во Thunderball.
Top Time часовникот на Бонд, секако, беше малку поинаков од стандардниот модел, вклучувајќи и Гајгеров бројач, меѓу останатите додатоци. Редизајнираниот Breitling Top Tim е 41 милиметар и работи на Caliber 23 системот на производителот. Може да задржи напојување до 48 часа на резерва, а пред се има остар изглед со црно-бела позадина, а на црните делови се наоѓаат и 30-минутните бројачи.

Во соопштението, извршниот директор на Breitling, Жорж Керн вели дека „Тop Time е важен, но често запоставен дел од нашето наследство, а знаеме дека ќе одекне кај мажите кои сакаат комбинација на историја, дизајн и одлични перформанси“.
Top Time ќе пристигне во лимитирана серија, односно само 2.000 парчиња ќе се најдат во продажба. Производителот на луксузни часовници исто така го нуди во комбинација со blockchain дигитален пасош со цел да се потврди неговата автентичност.
Новиот Top Time часовник ќе се најде во продажба во текот на следниот месец, а неговата цена ќе изнесува 4.990 долари.