Рекламната кампања „Tailoring Legends“ на модната куќа Brioni за сезоната Есен/ Зима 2020 пристигна, а како заштитно лице на истата е актерот Бред Пит. Целата кампања е доста впечатлива поради црно-белите слики фотографирани од страна на Микаел Јансон кои го портретираат Пит во неговата лична и лежерна интерпретација во стилот на куќата.

Целата колекција составена од топли парчиња облека за мажи го претставува елегантниот и безвременски стил на модниот бренд. Кампањата „Tailoring Legends“ ја одбележува 75-годишнината на Brioni. Куќата е позната по изборот на актери за заштитни лица, па така Бред Пит ги наследува колегите, холивудски легенди Пирс Броснан, Ентони Хопкинс и Самјуел Л. Џексон во амбасадорската улога.

Оваа соработка е одличен погодок и за Brioni и за Бред Пит, бидејќи врската помеѓу нив датира од поодамна, Пит е познат по костумите од модниот бренд носени на црвениот тепих, скроени по нарачка.