Breakup Tours е апликација која беше лансирана во Ноември 2019, а е наменета за луѓе кои тукушто се излезени од врска. Целта на оваа апликација е да ги охрабри луѓето кои не се во врска да патуваат или едноставно да го истражат своето место на живеење.

Стивен Чунг, ко-основач на Breakup Tours, изјави: „Ракинувањето е тешко бидејќи промените се тешки. Кога се придржувате до вашата рутина, станувате многу свесни за работите што недостасуваат во таа рутина. Патувањето ви овозможува да го промените тоа, тоа ви дава нови перспективи.”

Апликацијата е продукт на маркетинг кампањата на компанијата, Secret Tours Hong Kong. Сето истражување кое се наметнало со реализацијата на кампањата, довело до заклучок дека постојат три начини како полесно да се надмине раскинувањето и тоа: емоционално ослободување; пробај нешто ново; и научи нешто ново.

Во моментов апликацијата е достапна на англиски и кинески јазик, и има повеќе од 100 дестинации и активности кои можете да ги правите во десет градови во Тајван, Јапонија, Тајланд и Хонг Конг.