Дизајнерот кој во минатото воодушевувал со светкави женски тоалети наменети за вечерни настани, на моменталната модна недела во Њујорк, изненади со дел од колекцијата наменета за мажи и многу дневни изгледи. Минатата сезона, Maxwell изјави дека започнал да размислува во поинаква насока, особено инспириран од својот партнер кој веќе подолго време инсистира на машка колекција. 

На ревијата беа прикажани 10 машки изгледи, а акцентот беше ставен на одела во специфични бои како небесно сино, нане зелена и портокалова.