Љубителите на теговите и жестоките телесни вежби сонуваат за врвно опремена теретана во сопствениот дом, а само ретки од нив тоа навистина го остваруваат, меѓу нив e и познатиот кревач на тегови и бодибилдер Брајан Шо.
Ветеранот во Strongman натпреварувањето и четирикратниот најсилен човек на светот, Брајан Шо (Brian Shaw), кој и ден денес важи за еден од најсилните луѓе кои чекорат на планетава, ги сподели со јавноста деталите за својот најнов проект.
Овој џин кој се прослави и стана богат благодарение на својата огромна физичка сила, инвестираше огромна сума на пари со цел да ја опреми својата теретана од соништата во својот дом, онака како што целиот живот ја замислувал. На крајот, сето тоа го чинело неверојатни 500.000 долари, а според она што може да се види од обиколката на теретаната, тој 24 часа дневно има пристап до подобри направи за вежбање од она што може да се најде во поголемиот дел од комерцијалните теретани.