Brabus Marine е оддел на познатиот луксузен автомобилски тјунер кој се занимава со доработка и преработка на јахти, глисери, чамци и останати превозни средства на вода, а сега ќе лансира само 37 примероци од својата Black Ops Limited Edition од нивниот Shadow 900 глисер.

Создаден преку соработка со финскиот Axopar Boats, Brabus Marine Shadow 900 опсегот неодамна ја освои престижната Red Dot Award на германскиот натпревар за дизајн. Во понудата се наоѓаат Spyder „топлес“, како и покриената верзија на овој глисер, но Black Ops Limited Edition е базиран токму на втората верзија.

Brabus Marine

Со големина од речиси 12 метри, ексклузивниот рачно изработен примерок наменет за лансирањето, се одликува со темно сивa „униформа“ која е во контраст со црвениот тапацир во внатрешноста кој привлекува големо внимание, како и деталите изработени од карбон. Специјалните врати кои се отвораат нагоре во стилот на некои од најславните купе автомобили водат кон луксузна предна кабина со queen sized кревет. Палубата исто така може да се конфигурира или со задна кабина за складирање на дополнителна опрема, или „бар“ кој вклучува интегрирана електрична скара, лавабо и фрижидер.

Brabus Marine

Настрана луксузот и изгледот, овој глисер исто така е способен да достигне и високи брзини. Најновиот пар Mercury Marine 450R Veradi XL 4,6-литарски V8 четворотактни мотори произведуваат речиси 900 КС, што е доволно за да се достигне брзина од над 110 километри на час. Секој од 37-те примероци на Brabus Marine Shadow 900 Black Ops Limited Edition ќе се продава за сума од 450.000 долари.