Компанијата која ги носи најновите дела од светот на часовниците во нашата земја, Божиновски часовници и накит, претстави нов проект со кој ќе ја одбележи 30 годишнината од независноста на Македонија. Со овој проект оваа наша компанија ќе ни донесе Swatch во ограничено издание кои ќе бидат обоени со впечатливи локализирани дизајни, дизајнирани од македонски дијзанери и уметници.
Со овој чекор нашата земја ќе се вброи во само неколкуте земји во светот кои ќе успеат да направат локален дизајн.
Првиот Swatch со македонски дизајн на кој веќе работи компанијата официјално ќе биде претставен на осми септември, а на осми септември ќе биде претставена и листата на дизајнери, уметници и илустратори кои ќе продолжат да ја раскажуваат оваа приказна.
Доколку сакате да учествувате во платформата и да бидете дел од ова патување, слободно пратете ги вашите предлози тука.