Во пријатна атмосфера создадена за љубителите на естетиката, „Божиновски накит и часовници“ раскажува уште една фантастична приказна со Omega. Станува збор за модерна, елегантна и луксузна приказна на светскиот бренд на часовници Omega.
Приказната за неколкуте колекции на Omega, изложени на естетски богат и луксузен начин се раскажаа во просториите на претседателскиот апартман на Hotel Marriott Skopje.
Фотосесијата од која беше дел и македонскиот баритон Павле Камилоски, ексклузивно ќе можете да ја погледнете во најновиот број на Машки Магазин и многу наскоро на Инстаграм.