Уште во 2018 година, Chanel ја започна својата прва линија на шминка за мажи со претставувањето на Boy De Chanel. Линијата им нуди на мажите луксузен бренд и практичен пристап кон светот на шминка. Брзото напредување и успешноста на Boy De Chanel допринесе за проширување на палетата производи.

Палетата е проширена со извонредниот Fortifying Gel Moisturizer, луксузен навлажнувач кој и дава свежина на кожата со нејзината 24-часовна хидрантна формула, со екстракт од зелено кафе од Костарика, кој ги стимулира антиоксидантните ензими на кожата. Овој производ е еден од основните и најбитни, бидејќи ја смирува, хидрира и штити кожата после бричење.

Нешто што ги покрива темните подочници е Le Correcteur Concealer, достапен во осум нијанси со кремаста формула ефикасна во покривањето на несовршеностите на кожата. Од палетата производи кои се воведени се и Le Stylo 3-in-1 моливот за очи и Le Vernis луксузните лакови за нокти достапни во природна и црна боја.