Паскал Рафи, виновникот кој може да ја пушти својата имагинација да се издигне кога станува збор за комбинирање на комплицирани детали и механизми, и украсување на истите, и кој може да го создаде Virtuoso VII ретро часовник обложен со софистицираност. Мерењето на интервалот на времето тука е претставено во две форми, една на предниот дел кој ги покажува часовите и минутите и втора на задниот дел резервиран за патентиран двоен коаксијален секундарен механизам.

Целиот раскош се надополнува со Amadeo школка која може да се претвори во рачен часовник, џебен часовник и часовник за на маса. Оваа колекција која претходно беше позната по часовиците во црна и сина боја, сега е проширена со примероци во ограничена количина во смарагдно-зелена и рубин-црвена боја.

Најголемата карактеристика која овој часовник ја има е перпетуалниот календар која дава детали за ден, датум, месец и скок на годината. Целиот механизам на прикажување на календарот е овозможен со три централни проѕирни диска кои во комбинација со темната позадина овозможува да се прочитаат информациите. Ремек дело за одбрана група на луѓе.