Производителот на луксузни часовници Bovet го рекреираше Battista хиперавтомобилот на нивниот партнер Pininfarina како ексклузивен и луксузен турбион. Имено, Bovet го искористи дизајнот на Pininfarina за електричниот хиперавтомобил за да го создаде својот најнов производ, а конечниот исход е навистина неверојатен.

Bovet Battista Tourbillon е креиран во соработка со Automobili Pininfarina паралелно со развојот на автомобилот, кој е првиот модел кој е целосно дизајниран и склопен од страна на автомобилската дизајнерска куќа во нејзината 91-годишна историја.

Часовничарската компанија ќе направи 90 „летечки турбион часовници“, со тоа што 30 парчиња се направени од полиран титаниум, 30 се со 18-каратно црвено злато и 30 се направени од платина, пренесувајќи облините на екстериерот на автомобилот во сказалките и инструментите, додека Triangolo шемата најдена на Battista е пренесена на двотонското сино лице на часовникот.

Овие споделени естетски елементи се прикажани преку куполата со сафирни кристали кои се наоѓаат на предната и задната страна на часовникот и се оформени на 12 и 6 часот за да го интегрираат веганското гумено ременче на часовникот.

Bovet Battista Tourbillon

Спој на врвен дизајн и механика

„Од денот кога се споивме со Паскал Рафи (сопственикот на Bovet 1822) и мајсторите од Bovet 1822, почувствувавме взаемна инспирација од шансата да создадеме нова уметничка форма за клиентите кои го посакуваат врвот во дизајнот и часовничарството. Со претставувањето на нашиот прв часовник, ние целиме да прикажеме еден нов чекор напред во светот на мајсторската хорологија“, изјави Пер Свантесон, извршен директор на Automobili Pininfarina.

Часовникот има куќиште со димензија од 45,6 милиметри каде се прикажани датумот, индикацијата на неговата 10-дневна резервна на моќност и 60-секунден летечки турбион, а сите се врамени во лебдечкиот часовнички круг. Неговото целосно ново рачно навојно движење од 2,5 Hz управува со резерва на енергија користејќи само еден елемент со главен извор, за што Bovet доби патент за брзо намотување.

Bovet Battista Tourbillon

Bovet Battista Tourbillon веќе е достапен за нарачка, а еден примерок чини „скромни“ 320.000 долари.