Брендот Bottega Veneta ја претстави чантата за сезоната FW20 која е изработена во препознатливата Intrecciato техника. Оваа техника претставува потписот врз кој е изградена куќата а која со текот на годините се менува создавајќи обрасци и ефекти кои се издвојуваат со што парчињата стануваат уникатни и препознатливи.

За сезоната Есен/ Зима 2020 Даниел Ли, креативен директор на брендот, додава ново толкување на техниката Intrecciato, создавајќи ја The Padded Tote Bag од ткаенина наместо традиционално од кожа. Техниката Intrecciato за прв пат се користи од брендот во доцните 60-ти. Инаку The Padded Tote Bag доаѓа во исклучиво црна боја.