Под водство на Daniel Lee, Bottega Veneta ги изненади критичарите и нејзините клиенти со интереснен краток филм за ready-to-wear колекцијата и колекцијата обувки Bottega Veneta: Men.

Креативноста од овој краток филм на Daniel Lee и Tyrone Lebon е изразена преку централната сцена која е доделена на славни личности со своите различни улоги, кои разговараат за машкост додека експериментираат со облеката.

Во филмот се појавуваат личности како Tricky, Neneh Cherry, Barry Keoghan и други кои се фокусирани на едно прашање, „Кои квалитети го карактеризираат човекот?” Секоја личност дава свое мислење на темата.