BOSS својата ревија за машката колекција за сезоната Пролет 2021 ја покажа во Palazzo del Senato во Милано. Ова е местото каде што првата ревија за женска облека беше прикажана пред дваесет години, а враќањето на истото е симбол на самодовербата и елеганцијата што облеката на модната куќа ја нуди без разлика дали е создадена за мажи или жени.

На оваа ревија рефлектирани беа и еколошките напори на модната куќа, а како подарок градот Милано доби дрвја и грижа за истите во рок од две години која ја обезбеди брендот BOSS. Оваа колекција го претставува чувството на обновување, заедно со креативноста, како концентрација на уметноста што е комбинација на боја и занает.

BOSS со колекцијата за мажи за сезоната Пролет 2021 го носи кежуал изгледот, со поспортски, помладалачки парчиња за разлика од претходно дизајнираната облека наменета за позрелиот маж.