Вечерта во петокот ја одбележа роденденот на Boss. Со Мoet, елегантен и префинет кетеринг и пријатна музика во живо, беа пречекувани гостите на прославата на 15-от роденден на брендот Boss во Македонија. 

Еден од првите познати брендови понуден на македонските потрошувачи, правејќи своевидна револуција на македонскиот пазар, долгогодишното присуство на пазарот го означи во својата првична локација. Hugo Boss, на Ул.Македонија, и  денес останува местото каде современиот маж со сигурност може да создаде изглед со префинета и модерна нота. 

Boss во Македонија

И покрај тоа, што брендот останува синоним за елеганција кога станува збор за формален изглед, својата актуелност ја потврдува и со најновата колекција која ги следи современите тенденции во машката мода. Истата веќе може да ја најдете на закачалките и полиците е на омилената продавница на љубителите на брендот.

Воедно, роденденот на Boss во Македонија беше и совршена можност за најава на проектот со брендот Porsche, кој е дел од кампањата на Boss.