Доаѓањето на суперсонична комерцијална авијација на глобалната сцена стануав реалност. Се вика XB-1 и е производ на стартап компанијата Boom Supersonic од Колорадо. Ова е целосно функционален прототип, кој ќе и помогне на компанијата да ги тестира летеачките способности и системи што на крајот ќе бидат користени на нејзините суперсонични комерцијални патнички авиони Overture.

Boom Supersonic XB-1

Со должина од 21,6 метри погонуван од три мотори J85-15 GE мотори, овој авион има стандардни прозорци на пилотската кабина, но поради екстремниот агол на носот потребен за аеродинамика, има и HD видео камера за да им се обезбеди на пилотите виртуелен поглед од предниот дел на авионот за максимална видливост. Рамката на Boom Supersonic XB-1 е направена од јаглероден композит поради лесната тежина, цврстината, ригидноста како и издржливоста на високи температури.

Boom Supersonic воздушното тестирање ќе го спроведе следната година во Мохаве, додека програмата за тестирање на земја започнува веднаш. Планирањата на компанијата се дека ваквите комерцијални авиони ќе влезат во употреба во 2025 година. На нас останува да почекаме.