Во екот на зимата и скијањето како спорт, Bentley ја презентираше својата соработка со компанијата за изработка на скии – Bomber. Лимитираната колекција на Bomber за Bentley се состои од специјално дизајнирани скии со златни додатоци во облик на дијаманти.
Centenary Edition 84 и Black Diamond 84 се имињата на двете изданија. Скиите се рачно изработени во Италија од дрво и карбонски влакна, а самата изработка трае 32 часа.
Бидејќи станува збор за лимитирана колекција, изработени се 100 примероци од Centenary Edition 84 и 200 од Black Diamond 84. Цената на Centenary Edition е 3.750 долари, а на Black Diamond 2.750 долари.