Во ерата на футуристичките дизајни, BMW претстави концепт кој има класичен и минималистички изглед. Прошетката во минатото на BMW има фантастичен old school шарм на кој ретко може да му се одолее.

Станува збор за BMW R18, мотор кој наликува како да е од 1950 година. Се одликува со минималистички дизајн, така да од него не се очекува да покаже моќ и луксуз. Со ваквиот изглед, овој модел треба да ги освои срцата на клиентите кои се заљубени во „naked“ моторите.

Можеби делува како реквизит од минатото, но штом го почувствувате возењето на BMW R18 сфаќате дека во него е вложен многу труд да се обезбеди неверојатно искуство, дека претставува склоп на најновите трендови и технологии. Агрегатот со кој се придвижува оваа машина е двоцилиндарски бензински мотор со зафатнина од 1800 кубни сантиметри, а не е прикриен со пластики и одлично се вклопува во рамот на моторот.

Деталите околу него се оскудни, но со сигурност може да очекуваме да се појави во продажба веќе наредната година.