Групацијата BMW го претстави првиот систем со погон на електрична енергија во костум со кој сонот за летање може да се реализира на нов начин. Дизајниран во соработка со Петер Салцман, иновативниот костум заврши со својот прв лет, а ќе биде претставен за прв пат на #NEXTGen 2020.

Всушност овој настан ќе се одржи денес, 10-ти Ноември каде групацијата ќе биде домаќин а ќе бидат претставени голем број на нови технологии и додатоци од портфолиотот на BMW. Електрифицираниот костум на BMW i се состои од два прикриени јаглеродни пропела, т.н. работници, секој дава моќност од 7,5 kW, со брзина од околу 25.000 вртежи во минута и вкупна моќност од 15kW, што е достапна приближно пет минути.

Целта на системот е да се зголемат перформансите на костумот, односно при активирање, пилотот доживува непосредно забрзување, дозволувајќи му да лета со брзина поголема од 300 километри на час.