Motorrad дивизијата на BMW претстави два уникатни R18 мотоцикли кои ги подготви специјално за Motor Bike Expo во Верона. Првата креација е наречена BMW R18 M и е развиена од страна на италијанскиот магазин LowRide и американскиот конструктор American Dreams. Уредничкиот тим од LowRide одлучи дека сака да го украси R18 со поспортски и порационален изглед, а притоа како инспирација го искористи светот на мотоспортот.

BMW R18

Она што веднаш привлекува внимание е црвената, сината и виолетова шема на боја која го краси мотоциклот. Исто така доаѓа со штитник за глава, доводни канали и други елементи произведени од карбон. American Dreams, од друга страна го опреми овој BMW R18 со нови издувни цевки со никелирани вратила. Направени се голем број промени на шасијата, системот на потпирање и каросеријата на R18, додека седиштето е обложено со нова кадифена кожа.

Вториот мотоцикл кој BMW го прикажа на овој настан е R18 Aurora. Овој мотоцикл е креиран во соработка со Garage 221 и го трансформира конкретниот R18 во потрадиционален „крузер“ комплетиран со масивни браници. За создавањето на овој мотоцикл, Garage 221 го позајми седиштето од BMW 1200 C од 2005 година, а исто така ги изработи и Batwing потпирачите од трепкачите на R100 од 1982 година и дел од задната рамка од K75 од 1991. Црвената нијанса на моделот исто така е позајмена од RT 100 од 1983 година, а голем дел од клучните елементи на моторот се направени целосно рачно.

BMW R18

Garage 221 соработуваше и со Leo Vince за да изработи специјален издувен систем за мотоцилкот и исто така го опреми со решетка за разладувачот за масло инспирирана од различни BMW автомобили од 60-тите години на минатиот век.