Уметникот Futura 2000, на саемот за уметности LA Frieze, го претстави уметничкото дело направено од BMW M2 Competition. Овој уличен уметник современик на Жан-Мишел Баскијат и Кит Харинг, ќе ни претстави три вакви уметнички дела.

На саемот за уметност во Лос Анџелес беше откриено првото дело, дизајнирано и рачно обоено од уметникот. BMW M2 Competition е рачно насликан со четири слоја на боја, каде уметникот ја употребил црната боја како основно платно неутрализирано со бели линии, точки и серија на повторувачки кружни форми.

Уметникот си поиграл и со внатрешноста на возилото. Од BMW изјавија дека планираат да произведат 500 примероци од изданието Futura 2000. Секое од возилата ќе имаат предни и задни браници насликани од уметникот како и облоги на вратите со бројот на примерокот и потписот на уметникот.