BMW GS серијата авантуристички мотоцикли кои се едни од најуспешните и најпопуларни мотоцикли на сите времиња добиваат високо технолошки подобрувања. За среќа, новите 2021 BMW R 1250 GS и R 1250 GS Adventure модели останува визуелно слични на претходниците, но комплетот на нови технолошки надградби е тоа што ги прави посакувани и огромен фаворит, без оглед каде ве води патот.

Заедно со големиот број на функции, BMW R 1250 GS и R 1250 GS Adventure добиваат Dynamic Traction Control, со поголема стабилност и лесна контрола на мотоциклот во Pro режим на возење, нов ECO режим кој обезбедува максимален опсег од резервоарот, интегриран ABS Pro во стандардна опрема, поставки за електронска суспензија.

Тука е и нов LED целосено адаптивен фар, греачи на седишта за поголема удобност. Моќниот boxer twin мотор со 136 коњски сили заедно со шасијата остануваат непроменети.