Намената на Android Auto системот е да овозможи полесен пристап до навигација и апликации во возилата на BMW.

Android

Германскиот производител на автомобили BMW најави дека од јули наредната година ќе го воведе  Android Auto системот во своите модели на автомобили. Благодарение на системот BMW ќе биде еден од ретките призводители кои ќе нудат опција за поврзување со Google, без тоа да го бара сопственикот. Сите возила на BMW со 7.0 софтвер ќе бидат опремени со  Android Auto. Сето тоа ќе биде овозможено во 2020 година на моделите од Серија 3, Серија 5, Серија 7 и Серија 8, како и на најновите Х3, Х5 и Х7 SUV моделите. Со оглед на тоа дека станува збор за бежична варијанта на поврзување, корисниците сепак ќе мораат да имаат модели на Pixel, Nexus и Samsung телефони.