Автомобилите драстично се трансформираат во последниве неколку години. Почнувајќи од електричниот погон, преку се поголемите екрани наменети за инфозабавата, па се до развојот на самостојното возење и управување со најновите технологии. Новите концепти кои ги прикажуваат најголемите брендови повеќе наликуваат на место за забава, во целост заменувајќи ги традиционалните автомобили. А во согласност со тоа, на годинешното издание на CES, BMW поставува нови стандарди за забавата во автомобилите, но фокусот е ставен на патниците кои се возат на задната клупа.
Setting new standards for in-car entertainment with the BMW Theatre Screen 🎬 Activate the ultra-wide panorama display and turn the backseat of future luxury class BMW models into a cinema lounge.#BMWCES #BMW pic.twitter.com/Ja7hPKa3E3
— BMW (@BMW) January 6, 2022
Новата карактеристика која е прикажана на саемот во концептна форма е мошне блиску до она што ќе се најде во продукциските возила на баварскиот гигант. Имено, станува збор за забавен систем составен од 31-инчен екран на собирање со 8К резолуција кој се извлекува од покривот на автомобмилот со допир на копче. Но, не станува збор за обичен дисплеј, бидејќи овој паметен екран е опремен со Amazon Fire TV.
Theatre Screen ќе се појави во автомобилите оваа година
Тоа значи дека функционира како Fire TV кој се користи во домовите. Исто така ќе добие и 5G конективност со цел да може да ги „стрима“ истите филмови, серии, концерти и подкасти кои можат да се најдат на Amazon Fire TV во моментов. Патниците можат да изберат меѓу 16:9 и 32:9 формат. Тоа можат да го направат преку користење на контролното мени од инфозабавниот систем или преку панелите со контрола на допир кои се интегрирани во рачките на задните врати. Аудио системот е од Bowers & Wilkins Diamond Surround кој користи уникатни карактеристики.
Во изминатиот период имавме можност да видиме голем број на различни пристапи кон забавата за патниците во автомобилите, но BMW отиде чекор подалеку. Двојните екрани веќе станаа секојдневие, ас е очекува трендот да продолжи со воведувањето на овој масивен екран во комерцијална употреба.
Од BMW не дадоа директна индикација за тоа кој точно продукциски автомобил ќе го добие овој Theatre Screen, но се очекува да се појави во текот на оваа година.