За повеќемина, настаните означени со дрес код black tie (црна вратоврска ) се малку и ретки. Иако можноста за присуство на таков формален настан е секогаш возбудлива, тоа исто така може да претставува и предизвик.
По сè изгледа, запознавањето со правилата за облекување според овој дрес код и потоа нивното изведување со стил може да биде збунувачко дури и за најсигурните во облекувањето.
Како запознавање или само како потсетување, водич низ правилата секогаш е добредојден, бидејќи кај нас подразбира бела кошула и црн џемпер!
Настан Black Tiе
Настан црна-вратоврска е формален настан или забава што се одржува во вечерните часови, обично по 19 часот. Пософистицирано од редовните социјални собири и деловни пригоди, настанот потенциран за црна вратоврска изискува многу поизгланцан стил на облекување. Типични прилики за црни вратоврски се балови, гала приеми и формални настани.
Што е ”Црна вратоврска” кодекс на облекување?
Black tie дрес кодот означува формална вечерна облека и е највисоко ниво на облекување, покрај белата вратоврска. Најважниот совет кога станува збор за овој тип на облека е да се држат работите едноставно.
Класичните аутфити за црна вратоврска треба да бидат скроени совршено, што значи дека сите компоненти треба соодветно да се вклопуваат во вашата рамка. Црниот смокинг е една од најзабележливите опции, со оглед на тоа што може да се носи континуирано и да е без датум.
Сепак, постојат многу други елементи за овој тип на облека што треба да се разгледаат кога се подготвувате за некој настан со црна вратоврска код за облекување, вклучувајќи го и стилот на вашиот смокинг, кошула и додатоци.
Што да се носи на Black Tie настанот?
ПАЛТО
Тежнејте кон чисти, елегантни линии кога ги пробувате потенцијалните смокинг палта. Држете се до минималистички изглед, со тоа си обезбедувате вашиот ”црна вратоврска” изглед да го издржат тестот на времето.
А добро скроениот црн смокинг е најдобра опција за класичен изглед кој нема датум и може да се носи секогаш одново и одново… Алтернативно, кадифено палто е достојна алтернатива, поставувајќи винтиџ референци за black tie.
Ако се одлучите за палто со кадифе, комбинирајте го со посуптилен црн пар панталони за да го поставите изгледот. Во врска со реверите, можете да изберете помеѓу стилот со врв или шал јака.
Шпиц ревери
Мошне попопуларни, шпицестите ревери се добро структурирани и се неверојатно корисни за подобрување на ширината на рамената и целокупната форма. Симплифицирани и универзално допадливи, смокин палтата со вакви ревери функционираат добро со различни видови и висини на телото.
Шал ревер
Шал крагната на смокинг е искроена во едно, најчесто од мазна ткаенина. Елегантен, чист и минималистички, овој стил на смокинг ќе му даде повеќе стилски облик на црниот изглед.
Имајте ги предвид пропорциите кога го пробате овој стил на смокинг, за да бидете сигурни дека вашиот изглед е комплементарен на вашата градба и на другите компоненти на вашата облека.
Панталони
Tux панталоните треба да одговараат на палтото, освен ако не сте се одлучиле за палто од кадифе, кое треба да биде врзано со базичен, црн пар панталони. Едноставен, но сепак суштински елемент е да се осигурате дека вашите панталони се со правилна должина, не се прекршуваат, не се премногу долги или премногу кратки.
Вообичаено смокинг панталоните подразбираат свилена лента од страните. Така ќе се добива линеарност погодна за формален изглед. Струкираниот смокинг има тенденција да биде со привлено кроење за повеќето типови на телото, и регистрира класика, но сепак изгледа младешки.
Свечена кошула
Како и кај сите компоненти кои се однесуваат на дрес кодот ”црна вратоврска ” препораката е иста – држете ги работите едноставни. Класичната бела кошула од висококвалитетна ткаенина е она за што треба да се одлучите.
Едноставна, минималистичка, безвременска. Едноставно, осигурајте се дека вашата кошула е добро испеглана и дека не го одвлекува вниманието од другите минималистички елементи на аутфитот.
Пеперутка вратоврска
Традиционално изискува пеперутка вратоврска. Изборот на црно е стандарден, но не мора да се чувствувате премногу лимитирани со овој традиционален пристап. Денес, постојат неколку начини да го разиграте вашиот изглед без да ги прекршите сите правила.
За повеќе модна визија, обидете се да одберете поширока вратоврска или да размислите за експериментирање со различни текстури, како што е луксузното кадифе. Пожелна е вратоврската перутка која се врзува наместо фиксираната која е од понизок вид.
Елек
Иако не е строго неопходно, елекот може да направи одличен додаток на ансамблот за ”black tie”. Совршен за инјектирање интерес во инаку едноставната облека, елекот е елегантен и стилски елемент на машката облека. За класичен изглед, изберете традиционален црн елек.
За изглед кој е малку повеќе возбудлив, изберете стил со уникатни детали или во ткаенина со текстура. Можете исто така да вметнете елек во друга темна боја освен црната, ако навистина сакате да ги измешате работите, но не одете премногу храбро.
Свечени чевли
Лакираните кожени чевли се погодни за black tie изглед. Особено, лакираните Оксфорд чевли прават совршен избор. Држете се до класиката, но на младешки начин.
Појас
За оние на кои им е непознато, појасот е парче материјал кој се наоѓа на половината помеѓу панталоните и кошулата. Традиционално е изработен од свила или сатен и се носи така што треба да го поставите околу долната половина од половината и да го прицврстите безбедно на грбот.
Исто така, имајте во предвид дека ако вашата пеперутка вратоврска е друга боја освен црна, вашиот појас треба да е соодветен.
Завршни детали
Малку разновидност може да се дозволи кога станува збор за финализирање на вашиот black tie изглед. Одлучете се за сатенски марамчиња за винтиџ чувство и да ги задржите манжетните едноставни.
Како и обично, бидете сигурни дека вашата коса и брада се совршени. Вашиот мирисен потпис за black tie треба да биде нешто смело, извонредно и познато, што ќе му даде дополнителна димензија на добро прилагодениот смокинг кој е значаен и вреди да се запамети.