Направен на едно друго ниво, овој бургер со цена од 1.600 американски долари се служи во H Bar во Хјустон. „Black Gold” е првиот бургер кој треба да оддаде почит на нафтената индустрија на Хјустон, користејќи вистинско 24-каратно златно.

За да ја оправдаме цената на овој бургер сакаме да наброиме дел од состојките: Wagyu говедско, foie gras (специјалитет од паткин црн дроб), црни тартуфи, сето тоа вметнато во бриош земичка направена од течен кавијар и 24-каратно злато.

„Black Gold"

Овој специјалитет се служи со шише Дом Перињон и рачно исечени компири испрскани со прашок од 24 каратно злато. Но сето ова и не е така преценето кога би знаеле дека хотелот каде се служи „Black Gold” е во сопственост на милијардерот Тилман Фертита.