Основачот на Microsoft и со години најбогатиот човек на светот, Бил Гејтс, се труди да влијае на одржувањето на животната средина и да прејде на чисти извори за енергија.

Бил Гејтс, држејќи се до своите уверувања за здравата животна средина, како еден од најбогатите луѓе на планетата планира  да се поднови со луксузна јахта вредна 645 милиони долари, но која има 0% емисија на јаглерод диоксид, благодарение на својот механизам и погон кој работи на водородни ќелии.

Инаку, пред неколку дена се појавија информации дека Бил Гејтс веќе ја нарачал јахтата, а потоа и дека самостојно започнал да ја гради базиран на концептот, истите информации беа демантирани, иако според американските медиуми, првиот човек на Microsoft серионо размислува да инвестира во ваквиот проект.

Суперјахтата под името Aqua е дизајнирана од страна на холандскиот дизајнер и архитект Сандер Синот. Јахтата е долга 112 метри и содржи пет палуби, на кои може да се сместат 14 гости и 31 член на посадата, а во нејзините простории исто така се наоѓаат и теретана, јога студио, салон за убавина, салон за масажа, како и базен. Иако во целост се движи благодарение на водород, ѕверскиот мотор може да достигне максимална брзина од 17 јазли и може да мине речиси 6.000 километри пред да мора повторно да се наполни.

Бил Гејтс вели дека ваквите технологии се клучот за спасот на нашата планета и дека погоните на чиста енергија мораат да се усовршуваат, бидејќи ако не го направиме тоа, ќе живееме во загаден балон кој ќе доведе до наше уништување. Јахтата Aqua се уште не е изградена, а се очекува таа да заплови во 2024 година, кога ќе му биде испорачана на славниот милијардер.