Секој лекар ќе ви каже дека на секој човек му е потребен доверлив доктор кој ве познава, знае дека вашиот татко имал срцев удар на 40-годишна возраст, ви помага да ја сфатите вашата здравствена состојба, ја знае вашата здравствена историја… и го знае вашето име без да го погледне картонот.

Со исклучок на малкумина, сите мислиме дека на здрав човек под 40 години не му се потребни лекарски прегледи барем еднаш годишно, па така кога станува збор за годишните прегледи на млади луѓе сите истражувања покажуваат недостаток на податоци.

Мора да признаеме дека и самиот живот не тера на такво нешто, бидејќи ако земете 21 годишен маж како пример ќе видите дека тој патува, мигрира, често менува места на живеење, менува работодавци, менува лекари… Од тука се поставува прашањето дали е таков однос со лекар возможен?

Во ова време има попогоден начин да се добие лекарска помош?! Да, на пример Интернетот. Зошто би се чекало во ординција да добиете традиционален преглед кога може да добиете итна нега, да заштедите време и пари.

Но ова не е ПРАВИЛНО, само можете да си направите поголем проблем, бидејќи некои работи можат да бидат занемарени, несоодветно дијагностицирани или несоодветно третирани. Значи ако веќе имате лекар кој „го сакате” држете се до него, а ако имате некое хронично заболување, посетете доктор.