Како?

Уште од мали машките деца најчесто се упатувани дека модата е „женска работа“, дека дотерувањето и машкоста не одат заедно и дека за тоа би можеле погрешно да ве окарактеризираат ако премногу блиску се доближите до „таа работа“. Тоа е инпутот кој најчесто се добива од татковците и другарите во детството. И така сè до полнолетството.

Одеднаш сфаќате дека жените ги сакаат добро облечените мажи и таа испревртена животна филозофија ве тера да се замислите, зошто „имиџот“ е сè, а чевлите го покажуваат типот на човекот.

Така некој порано, некој подоцна ќе тргне во потрага по своите “ИТ“ облековни предмети, раководејќи се со основната машка логика-цената и омилената боја. Но резултатот не е секогаш најдобар, напротив.

Повеќето ќе потрошат купче пари на облека која не им стои добро. Но тоа е исто така и женска логика. И не е основниот проблем во воспитувањето, потребни се само повеќе информации за тоа како мажите да научат добро да се облекуваат, што ќе рече-помалку да се троши, а да се облекува подобро. И да, да се импресионираат жените.

За почеток -облекувајте се себеси!

Не некој друг, туку себе, со купување и бирање на облека која добро ви прилега. Најчесто (тука ниту жените не се исклучок) се купуваат работи кои ни се допаѓаат. Но тоа не добар мотив, зошто можеби вкусот е изграден на погрешни основи и треба постојано да се бруси.

Прво треба да се знае која боја најдобро ви прилега, а не онаа која можеби не ви одговара, но ви се допаѓа од било кои причини. Не е сеедно ако тука се погреши.

Имено, ако според своите основни колорити на лицето кои ги вклучуваат бојата на очите, тенот и косата, сте студен тип, а купувате облека во топли бои, правите штета на своето лице. Делувате подебело, со помалку дефинирани црти на лицето и секоја аномалија се истакнува повеќе.

Кога станува збор за тренди, многу често станува збор за тоа кој тоа го носи, и обично тоа го наметнуваат експонираните јавни фаци. Под таквото агресивно влијание се губи мислата водилка на доброто обликување на сопствениот стил во замена на слепо следење на некои луѓе.

Едноставно не е нужно, дури е и погрешно следењето на некој тренд само затоа што тоа го прават сите. На кратко, не носете розе само затоа што тоа е покажано на пистите, туку затоа што таа боја ви одговара на бојата на тенот, карактерот и сензибилитетот, и се разбира ќе може да се вклопи во остатокот од Вашата гардероба.

Но запознавањето на себеси и изнаоѓање на сопствениот стил не е работа за преку ноќ. На сите им треба многу време за експериментирање, со многу обиди и грешки, но на крајот сето тоа се исплаќа.

Зошто човекот кој е свесен за сопствениот стил се движи со видлива самодоверба. Неговиот шопинг е далеку поголемо уживање од колку на другите мажи, зошто тој знае кој костум добро му стои и не мора да се пресоблекува со часови додека го пронајде вистинскиот.

Тој не купува парче кое ќе го облече еднаш, туку неговата гардероба се состои од парчиња кои ќе бидат носливи со години. Тој маж го познава својот облик на тело и го препознава во облеката која ја купува. Тоа е маж кој има стил. А до него треба да се дојде. Ако не се може сам, тука се секогаш корисните упатства на имиџ консултант.