Некои фанови тврдат дека Better Call Saul е крајно подобра од Breaking Bad. Фактот дека опстојува веќе петта сезона, кажува многу.
Главниот лик Џими МекЏил, влегува во нова, интензивна ситуација како што покажува најновата најава на петтата сезона од серијата. Тоа може да се види уште од првата сцена кога МекЏил се наоѓа на задното седиште од автомобил, без можност да ги отвори вратите и да излезе.
Во каква сплетка ќе се најде овој пат и кога неговото алтер его Сол Гудман ќе излезе на површина, ќе почекаме да видиме до 23 февруари 2020 година.