Исполнет е сонот на секое момче кое некогаш мечтаело во свој Бетмобил. Сè што му е потребно на момчето се 850.000 долари.
Автомобилот кој ги исполнува соништата е креација на Fast Boom Pro. Тие креираа функционална реплика на супер автомобилот од Batman v. Superman: Dawn of Justice од 2016.
Бетмобилот во природна големина е опремен со ѕверски мотор со 500 коњски сили, совршено дизајниран ако имате намера да ги бркате Joker или Catwoman. Опремен е со автоматски пушки (кои се една од карактеристиките кои не функционираат, нели) камера со 255x zoom и камера за ноќно гледање, бидејќи каков херој сте вие ако не можете да бркате негативци во текот на ноќта?!
Ентериерот ги исполнува сите очекувања и одговара на вкусот на Брус Вејн, а вклучува и USB, GPS, клима и Bluetooth.
Автомобилот е создаден минатата година, а дури сега е достапен во продажба. Околу 850 илјади долари се потребни за да станете сопственик на единствениот функционален Бетмобил во светот.