Во светот на високиот луксуз вистината е дека нарачаното по мерка – нешто исклучиво направено токму за Вас – е веројатно најголемата ексклузива. И тоа можеби нaјповеќе кога станува збор за костум.

Костумот по нарачка е втора кожа, облека што најдобро отсликува кој сте, затоа што е направена да ви одговара само Вам, во вкусот исто колку и во пропорциите. Во повеќето случаи(кај исклучителните мајстори ) тоа чини многу , но направено како што треба, тоа е инвестиција која ќе трае цел живот и значи дека ретко ќе мора повторно да купувате конфекција.

Во светот тоа е познато под називот „Bespoke“ и е прашање на традиција и престиж, додека кај нас по повеќе децениското деградирање како шнајдерај, полека но сигурно, повторно на сцена се враќа важноста и вредноста на оваа категорија.

Bespoke е англиски збор што значи парче облека направена според спецификацијата на нарачателот. Додека може да се примени и за други предмети, вклучувајќи компјутерски софтвер и луксузни автомобили, терминот историски се применуваше само за машка облека, обувки и други нешта, што подразбира по мерка и идеално вклопување. За повеќето предмети што не се облека, наместо тоа, обично се користи терминот build to order.

Пред нешто помалку од еден век, сите мажи носеа костуми по нарачка. Облеката беше рачно изработена за индивидуата која може да си ја дозволи, а оние кои тоа не можеа, носеа износена облека.

по мерка

Историјата на костуми по нарачка

Во 17 ти век, Роберт Бејкер го основа првиот бизнис за кроење во лондонската област Пикадили – именуван по „пикадил“, Елизабетијански термин за кошула со јака – станувајќи изработувач на костуми на дворот на кралот Џејмс. И како што тогаш било вообичаено, занаетчиите се обединуваат заедно – и наскоро областа, од улицата Џеремин до Савил Роу, станува епицентарот на англиската трговија со машка облека.

Кроењето можеби никогаш не било конзистентно англиски – „кројач“(tailor) веројатно потекнува од „таiller“, средновековниот француски збор за „крои“ – но Савил Роу е асоцијација за најдобрите во светот, освојувајќи глобално влијание како што јапонскиот збор за костум, „сабуру“, е синоним на името на славната улица.

Дури во 1950-тите, кога манифактурната технологија овозможува производство на повеќе прифатлива ready-to-wear облека, позициите се испревртуваат. Bespoke станува исклучок, а не норма. За ова е заслужен пионерот, Монтаге Бартон, основач на истоимениот High-street синџир и снабдувач на многу од опремата на војската во Втората светска војна.

Со пристигнувањето на конфекциската облека – која станува сè пософистицирана од сезоната во сезона со можност слободно да се следи овој луд феномен, наречен мода – Savile Row станува повеќе една етаблирана карта , каде што одличното и доброто, но и најелегантно, ја репрезентира персонализираната облека. Потребно беше пионерите од тоа време – Томи Нутер, Харди Амис, Даглас Хејворд – да ја потсетат широката трговија дека bespoke костумот не беше само за адвокатите, банкарите и бизнис момците.

Додека голем дел од „Savile Row“, како што го спомнуваат неговите чинители, сеуште сепак им одговараат на потребите на оние што мораат да носат костуми, во последните две децении научи да се грижи и за оние кои можеби само би сакале да се тоа. Тука секогаш ќе постои можност повеќе.

Но сега тука има и повеќе стил. „Bespoke“ исто така нуди долговечност. Со сигурност е голем трошок, но исто така е и соодветна вредност за цената на долг рок. Сè околу начинот на кој се изработува костум по мерка се потпира на идејата дека ќе се носи долго време.

Во основа, костумот по мерка бара вештини на неколку експерти – моделар, кројач, изработувач на панталони, финишир, преса или пегла мајстор и така натаму – што на некој начин ги оправдува и трошоците за продуктот и неговата долговечност.

Голем дел од деталите што го прават трошокот вреден, ќе бидат скриени под хаубата. Интер-поставата на материјалот, кое му дава облик на костумот. И, исто така, ќе има вишок ткаенина во шевовите, така што костумот може да се прилагодува додека Вашето тело се менува со текот на годините.

Можеби исто толку важно за привлечноста на Bespoke костумот е едноставното во задоволство да се купи како парче на престиж. Да се ​​направи ваков костум исто така значи е да се биде дел од историјата и да се биде дел од културата. Очигледно, вели Хичкок, „некои мажи купуваат костум„ Savile Row“ од снобизам, но оние што инвестираат во искуството, учествуваат во нешто што е поголемо од само костум“.

Најважниот дел од процесот со кој се започнува е разговор. Bespoke е процес на соработка, не функционира ако едната страна се наметнува. Покрај тоа, многу луѓе сè уште ја наоѓаат идејата за нешто поинтимно. Тоа треба да биде релаксирано. Неупатените можеби ќе бидат збунети од тивкиот начин на кој се испитува нивното држење, седечка положба и анатомија, но тоа е неопходно за да кројачот да го направи најдобриот костум за Вас.

Процесот изискува да одлучувате за секој аспект на костумот, од кројот до ткаенината, тип на џеб до позицијата. Но, ќе бидете мудро советувани, затоа што тоа го прават кројачите: прават проценка на вашиот животен стил и потреби и за да ви помогнат да ги елиминирате непотребните опции и идеи и да посочат што е најдобро.

За да се постигне облеката да прилега како нараквица, потребни се 20-тина операции што треба да оформат палто(позната во трговијата како сако) и пет за панталоните – од кројачот, човекот кој ќе ја искрои ткаенината за вашиот костум. Основната форма на костумот за да потоа се направи и првата проба за да се изведат сите важни прилагодувања.

Потоа доаѓа чекањето. Од првата средба до завршената облека трае период од некаде помеѓу два и четири месеци, ако се земат предвид сите фактори. Значи, може да се каже дека „изработено по мерка“ не е за оние што брзаат.

СИТЕ ПРАВА ЗАДРЖАНИ-НИТУ ЕДЕН ДЕЛ, ТЕКСТ НЕ СМЕЕ ДА СЕ РЕПРОДУЦИРА ИЛИ ДИСТРИБУИРА НА БИЛО КОЈ НАЧИН И НА БИЛО КОЈ ЈАЗИК БЕЗ ПРЕТХОДНА СОГЛАСНОСТ ОД РЕДАКЦИЈАТА НА ММАГАЗИН. НОСИТЕЛ НА АВТОРСКИТЕ ПРАВА ВРЗ ТЕКСТОТ Е АМПТЕАМ ДООЕЛ.