Производителот на машка кожна облека, Berluti, благодарение на Hublot ќе внесе и часовник во својата колекција. Berluti x Hublot Big Bang Unico е исклучително посебен бидејќи и двата бренда учествувале во создавање на дело создадено да ја истакне убавината на органската кожа на чевларите од Венеција.

Ова е првиот часовник кој „од глава до пети“ е облечен во кожа и е направен преку иновативна конфигурација, ллепење на првиот дел од рамката на црна керамика. Кожата наречена Cold Brown, е оживеан од страна на Van Assche, преку инспирација добиена од архивите на Berluti. Суптилните тонски прелевања на Berluti x Hublot Big Bang Unico се истакнати со сјајна завршна обработка која со тек на време би добила само подлабока патина.

Сепак користењето на традицијата на брендот Berluti во еден ваков силен и модерен часовник е непогрешлив. Делотот со димензии од 45 мм и калибарот MHUB1242, ќе биде потпишано од двете куќи и произведено во 100 примерока.