За софистицираните авантуристи Berluti лансираше bespoke баги кое ќе ве придружува на вашите летни авантури. Како дополнување на својата нова колекција на рачно изработени патни торби, Globe-Trotter, која Berluti реши да ја зачини со авантуристички дух, направи и соодветно возило кое ќе биде верен придружник.

Истовремено оддавајќи почит на неповторливиот и безгрижен јужно калифорниски начин на живеење во шеесеттите години, компанијата дизајнот на багито го заснова моделот Meyers Max од 1964 година. Современата итерација на возилото е изработена од полиестерска обвивка поставена на рамката на Volkswagen Beetle, погонуван со атмосферски 1600cc мотор со 90 коњски сили.

За да се долови тој софистициран допир, компанијата инструмент таблата, менувачот и воланот ги обложува со кожа. Мекиот покрив е канвас кој го носи потписот на компанијата кој прв го воведе креативниот директор Крис Ван Ашче. Багито е достапно само преку специјална нарачка со цена по барање.