Хуманост! Кризата со вирусот COVID-19 го отежнува животот на сите луѓе на планетата. А бидејќи сите сме исти пред овој предизвик некаде се појавува загриженост за оние што немаат каде да останат „дома” и да ја почитуваат забраната за социјално дистанцирање- бездомниците.

Бидејќи овие правила се целосно невозможни за бездомниците во ова време, дури и основните хигиенски мерки на претпазливост, како што се туширање и миење на рацете, претставуваат логистички кошмар, Берлин превзема неконвенционални решенија па ги отвара вратите на хостели во кој за почеток ќе сместува 400 бездомни лица.

Иако Берлин во последните години превзема неколку иновативни решенија поврзани со овој проблем на бездомноста и е трет град во светот што спроведува официјално истражување и регистрирање на бездомното население, овој проблем задава голема главоболка бидејќи многу луѓе кои спијат на улица не се навикнати да живеат со други и да поминат повеќе од една ноќ на едно место.

Доколку програмата успее, ова би било пример за тоа како затворените капацитети за сместување би биле употребени за добро. Во моментов нема регистрирани случаи со вирусот COVID-19 помеѓу бездомното население во Берлин. Програмата има ветувачки почеток, со што во текот на првите неколку дена се појавија над 100 лица.