Британскиот производител на луксузни автомобили, Bentley, неодамна најави дека ќе го прослави своето партнерство со The Macallan, шкотскиот бренд за виски, со специјално возило. Конечниот производ е специјално издание на Bentayga, SUV моделот кој ќе се наоѓа на имотот на дестилеријата и ќе ги развозува ВИП гостите со високо ниво на комфор.

Дизајнот на овој специјален примерок на Bentayga, како што велат од Bentley, е инспириран од имотот на The Macallan и бујната природа која ја опкружува дестилеријата. Финишот на екстериерот е во нијанса на зелена која производителот ја нарекува Viridian и е избрана да се вклопи во различниот природен екосистем.

Bentley Macallan

Од друга страна, дел од деталите се финиширани во сјајно црна боја, со цел да го претстави природниот недостаток на хром, а моделот е поставен на 22-инчни Mulliner Driving Specification Black Painted Bright Machined тркала.

Внатрешноста е финиширана со Porpoise и Cumbrian Green кожни елементи кои ја комплементираат Liquid Amber фурнирскиот трим. Ова дрво е избрано специјално во чест на килибарните вискија на The Macallan. На седиштата се наоѓаат ознаките Easter Elchies House со цел да го одбележат Хајленд Манор домот од 18-век кој е во срцето на имотот.

Bentley Macallan

Дрвениот трим кој се наоѓа пред совозачот го добива логото на The Macallan со оглед на тоа дека ќе функционира како возило за тури. При отворање на вратите, LED светлата ќе го проектираат Easter Elchies Housе обележјето на земјата.

Овој примерок на Bentayga ќе се снабдува со 100 проценти обновлив електрицитет кој ќе се добива преку Wardlaw Wood фармата за ветерници во Шкотска и ќе се полни на ново-инсталираниот полнач на имотот. Bentley планира да му даде на The Macallan уште едно возило со речиси идентичен трим, но следниот модел ќе биде Flying Spur хибридот.